| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ подготвува 40 милиони фунти за Лалана, последниот збор ќе гo има Клоп

klop-i-lalana

Актуелниот француски шампион Пари Сен Жермен е познат по тоа што троши големи финансиски средства за фудбалери, без разлика дали тоа е нивната реална цена или не.

Според медиумите од Франција, раководството на „светците“ е подготвено да испрати понуда од 40 милиони фунти за играчот на Ливерпул, Адам Лалана. Тој прикажува добри партии оваа сезона, постигнувајќи три погодоци а запиша и пет асистенции во англиското првенство.

Лалана пристигна на „Енфилд“ во 2014 година од Саутемптон за сума од 25 милиони фунти и ова е одлична можност „редс“ добро да заработи на негов трансфер, но сепак последниот збор околу неговиот трансфер во Париз ќе ги има менаџерот Јирген Клоп кој се чини дека нема лесно да се откаже од фудбалерот кој има солидна минутажа во тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top