| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп со нивна помош стана претседател, сега чекаат наплата

Белата работничка класа го доведе Доналд Трамп на власт, околу тоа се согласуваат експертите. Сега, Трамп треба да ги исполни нивните очекувања.
Во Џексонвил, место во руралниот дел од американската сојузна држава Пенсилванија, некогаш познат по богатите рудници за челик, а денес „пропаднати бизниси“, Џои Дел Сињоре, 60-годишен сопственик на мала компанија, во текот на изборната ноќ го вклучил својот телевизор. Таму стоел натпис „Трамп е новиот претседател“, на што тој извикал: „Мојот сон стана реалност“.

Тој заслужил да слави за победата на кандидатот на Републиканците. Тоа се должи поради тоа што Трамп им ветил на работничката класа дека ќе им донесе подобра иднина. „Вашата држава ве предаде, а јас ќе го променам тоа“, изјави тогашниот претседателски кандидат.

Тоа било музика за ушите на жителите на ова место како и на целиот округ затоа што тие претставувале еден вид на „симбол на пропаѓањето“. Некогашната голема индустрија – рудници и челик која што и на оние без дипломи им овозможувала убав живот, сега е пропадната: „Ќе ги вратиме рударите во рудниците“, вети Трамп.

Што сакаат овие припадници на белата работничка класа кои што со право го добија епитетот „спасители на Трамп“? Ниски даноци, повеќе работа, помалку екологија, помалку дрога и подобра контрола на американско-мексиканската граница.

Но, тие не се нереални. Рокот кој што му го даваат на Доналд Трамп да го исполни своето ветување се движи од шест месеци до четири години. Треба да се каже дека овој регион до неодамна бил вистински бастион на демократите. Тие во 2008-ма година гласале за Обама, но откако тој не ги исполнил ветувањата, на следните избори гласале за противничкиот кандидат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top