Полицијата во Њу Орлеанс го уапсила и вториот осомничен за пукотницата за време на парадата на Денот на мајките, во која беа ранети дваесет луѓе.
Станува збор за 24-годишниот Шон Скот, брат на Акејн Скот (19), кој беше уапсен во средата. Двајцата се соочуваат со обвинение од дваесет точки, кое ги товари за обид за убиство. Мотивите за нападот сѐ уште не се познати.
Пуктоницата на Денот на мајките се случи еден месец по крвавиот бомбашки напад во Бостон, каде што, исто така, напаѓачите беа браќа.
Во овој случај властите тврдат дека не станува збор за терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.