Научно е потврдено дека пет работи ја прават жената попривлечна.
Чевли со високи потпетици
Според една студија, чевлите со високи потпетици ја прават жената попривлечна. Истражувањето покажало дека мажите почесто им приоѓаат на жени што носат чевли со високи потпетици.
Црвена облека
Ништо ново, овој факт е поткрепен со истражување кое докажува дека црвената боја повеќе ги привлекува мажите. Можеби треба да ја освежите гардеробата со нешто црвено?
Црн фустан
Модните стручни лица признаваат дека за црниот фустан немаат вистински научни докази. Но, искуството кажува дека пет од пет мажи секогаш двапати погледнуваат во девојка што носи црн фустан. Просто е, зар не?
Фустани и блузи без ракави
Ако уште мислите дека долгите, слаби нозе се она што мажите го сметаат за најпривлечно кај жените, размислите уште еднаш. Мажите, всушност, ги привлекуваат женските раце. Искористете го овој факт при изборот на облека без ракави. Или, уште подобро, со голи рамена.
Фустани што ја истакнуваат линијата на телото
Истакнете ги своите облини носејќи тесен фустан бидејќи, според истражувањата, мажите преферираат тело градено во облик на песочен часовник, со изразени колкови и тенка половина. Ако имате таква фигура, слободно пофалете се со неа. Ако ви недостига материјал за колковите, искористите ги сите стилски трикови за да ги нагласите колковите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст