На крај на сето ова секој од вас треба да се праша самиот со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно, кој има подобар кадар и програма, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнеме назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро…
Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави.
Избор помеѓу две комплетно различни концепции и избор помеѓу двајца кои се кандидираат за премиер помеѓу мене и Зоран Заев.
Ако веруваш во Македонија, твојот избор е јасен!
Сега е моментот кога треба да се потрудиме оваа криза на 11 декември да ја затвориме и да ја претвориме во една можност. Тоа е денот кога сите заедно ќе се спротиставиме на ова сценарио кое што се спроведува во Македонија. Бидејќи знае народот што се случува и што сака. Знаеш и ти многу добро што се случува во државата.
Но, со изборите на 11 декември ќе им покажеме не само на скептиците во државава и оние кои работат на ова сценарио тука, во Македонија, туку ќе видат и соседите, но и народите пошироко дека овде живее горд и достоиствен народ, кој и со оваа генерација ќе го победи сето она што се прави против Македонија.
А ние, еден ден, сите ние од оваа генерација македонски граѓани, млади, средовечни и стари, ќе можеме со гордост да погледнеме наназад и да кажеме, со високо крената глава: „Да јас, бев дел од таа генерација Македонци и си ја зачував државата, јас учествував во тоа зачувување на државата во тие кризни моменти“.
Генерација која што ја одбрани државата, која што донесе правилна одлука кога беше најпотребно, и која што знаеше да одбере што е подобро за граѓаните и за татковината.
Судбината на Македонија е во твои раце. Ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука. Одлука која навидум некому можеби и ќе му се чини не баш едноставна, но во суштина е многу едноставна.
Свесен сум дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што и’ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика.
Главата горе, горди мои Македонци и граѓани на Македонија. Ова е твоја земја. Ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила!
Идат подобри времиња! Главата горе и не заборавајте – Ова е ваша земја! Ова е земја на сите вас кои живеете во неа, ова е само ваша земја, на граѓаните на Македонија, вие одлучувате!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст