| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски до работниците, земјоделците, бранителите: Вие сте столбот на Македонија

Груевски во својот говор се обрати и до земјоделците, порачувај’и им дека ВМРО – ДПМНЕ е нивни традиционален партнер.

– Ние сме Ваш традиционален партнер, не нарекуваат, мислеа дека тоа е погрдно, земјоделско народна Влада, но ние се гордеевме со тоа, се гордееме со вас и ќе продолжиме да работиме и да ви помагаме. Со нас сте на сигурно. Ќе ја продолжиме грижата и помошта за Вас, уште посилно во следниот мандат. Стоиме зад Вас, не само во добри, туку и во тешки времиња, а го видовте тоа како го правиме, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Груевски упати порака и до работниците.

– Вие, храбриот работен народ на ова држава. Вие сте нејзиниот столб. Вие знаете да направите разликата помеѓу лажни ветувања и реални и остварливи проекти. Вие знаете кој може повеќе да сработи за вас и да го подобри вашиот стандард. Кој ја воведе, и кога растеше минималната плата, и во чие време просечната плата дојде од околу 13 до речиси 23 илјади денари. Кој исполни огромен број договорени работи со синдикатите во ваша корист, и кој отвора нови работни места, што директно влијае и ќе влијае на зголемување на платите во приватниот сектор во Македонија, порача Груевски.

Лидерот на владеjачката партија во својот говор од бината во Скопје не ги заборави ниту бранителите.

– Тие ве нарекуваа дека сте домашни животни, се сеќавате, лавови, тигри и други. Ние се гордееме со вас, со сите вас и ја знаеме вашата вредност и допринос за нашата заедничка држава. Вие сте херои и така ќе бидете третирани секогаш. Вашето место е со нас, а нашето е со вас. Заеднички ја сакаме државата и можеме многу да направиме за нејзе и нејзината сигурност и безбедноста на сите наши сограѓани, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top