| четврток, 6 декември 2018 |

Загина ќерката на познат бизнисмен – семејството во шок и неверување

Дијана Лебедева(19), внуката на тајкунот Платон Лебедев, загина во Швајцарија. Преубавата наследничка ја нарекуваа „руската Лејди Ди“.

Автомобилот во кој Лебедева се возела со 23 годишниот Азер Јагубов, син на азербејџански бизнисмен, слетал во езерото Лугано. И Дијана и Азер загинале – пренесуваат руските и швајцарските медиуми.

Полицијата ги истражува причините за несреќата. Се пренесуваат сеуште непотврдени информации според кои Јагубов учествувал во трка, загубил контрола врз неговото „бе ем ве“ и удрил во ограда, по што возилото со двајцата млади слетало во езерото.

Несреќата се случила во четвртокот, а телата на Лебедова и Јагубов од дното на езерото биле извлечени вчера.

Дијана ја нарекуваа руската Лејди Ди, „една од најсветлите ѕвезди на руското небо на златната младост“. Лебедева беше родена во годината кога Лејди Ди загина, пред 19 години.

Дијана Лебедева е внука на рускиот тајкун Платон Лебедев (59) , близок соработник на најостриот критичар на Путин, Михаил Ходорковски. Тој поминал 11 години в затвор ( од 2003 до 2014) поради затајување на данок и перење на пари. Тој има 4 деца а Дијана му беше внука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top