| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се градат три подземни сообраќајници во Скопје најави Попоски

Носителот на листата во првата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски ги најави трите планирани подземни сообраќајници кои се предвидени за следниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука зад нас ќе биде едната од трите подземни сообраќајници кои се планирани во следната програма. Оваа сообраќајница ќе се протега од Народна банка на РМ до Владата на Република Македонија. Предвидена е на две нивоа раскрсница кај Судската палата и Мавровка и третата подземна сообраќајница е на потегот на Јужниот булевар, изјави Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top