| четврток, 6 декември 2018 |

Кастро бил најголем плејбој – спиел со 35.000 жени, со по две дневно!

%d0%ba%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be

Фидел Кастро, кој почина во петокот во 91 година од животот, имал најдолг мандат на владеење во светската историја, се до 19 април 2011 година. Тогаш власта ја предал на својот пет години помладиот брат Раул. Фидел вкупно владеел 52 години и 62 дена, но тоа не е единствена значајна бројка во неговиот живот.

Имено според наводите на неговите биографи и блиски соработници, Кастро бил одечки афродизијак за жени, кој спиел дури со 35.000 жени!?

%d0%ba%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be2

Првиот брак со Мирта Диаз Баларт која потекнувала од аристократско семејство го склопил во 1948. Синот на Кастро, Кастро Диаз Баларт, кој го добил во бракот, роден е 1949. Се развеле пет години подоцна.

Додека во шумите ги планирал акциите против режимот на Батиста Ел команданте, станал татко на три деца од различни мајки кои останале трудни во текот на неколку месеци.Тоа било 1956 година. Висок, згоден револуционер, мамец за женски срце, секогаш го привлекувал вниманието на поубавиот пол.

%d0%ba%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be3

Кастро своите љубовници ги пронаоѓал на плажите на Хавана, а наводно секој ден спиел со две жени. Со една за ручек, а со друга за вечера.

Со втората жена Далила Сото добил пет синови. Има девет службено признати деца.

Влегол во Гинисовата книга на рекорди како личност која преживеала најмногу атентати, дури 638. Би требало да го впишат и како најчето умрена личност. Кастро на гласините за неговата смрт во една прилика изјавил дека толку често го прогласувале за мртов, што кога ќе умре, никој нема да верува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top