Кошаркарите на Карпош Соколи во рамки од 11. коло во АБА лигата како домаќини дојдоа до втората сезонска победа и тоа против хрватскиот шампион Цедевита со резултат од 89-81. Избраниците на Драган Николиќ сосема заслужено дојдоа до победата со оглед на тоа што од првата па се до последната минута беа во водство и тоа најчесто со двоцифрена разлика.
Домаќините мечот го започна одлично па благодарени пред се на одлично одиграната одбрана како и петте погодени тројки, по крајот на воведната четвртина замина со +13 (25-12). Цедевита на почетокот на втората четвртина спушти на едноцифрена негатива од -9 (26-17), но избраниците на Николиќ повторно продолжија со добрата играта. Така во еден момент „соколите“ поведоа и со највисоки до тогаш +16 (36-20), за да Цедевита до паузата од полувремето ја намали позитивата на +11 (45-34).
Стартот на второто полувреме за „соколите“ донесе и предност од +17 (51-34), но во финишот на третата четвртина следеше мал пад во играта па така Цедевита спушти на едноцифрени -9 (61-52). Сепак на паузата во пресрет на последните десет минути, Карпош Соколи замина со двоцифрени +12 (66-54). Хрватските кошаркари последната четвртина подобро ја отворија па така спуштија на -6 (67-61), на што Лабовиќ одговри со четири врзани поени на ново двоцифрено водството (71-61). На крај иако гостите дојдоа до -3 (75-72), на крај без проблеми беше остварена победата со резултат од 89-81.
Зековиќ со 23 поени беше прво име во победничката екипа, додека кај Цедевита прв поентер со исто така со 23 поени беше Боутриг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.