Оние истите ликови кои неколку пати се мереа кој колку работни места ќе затворат, колку фирми ќе затворат, денес маскирани излегуваат и велат еве сега ние имаме програма, сакаме да добиеме повторно втора шанса, рече на митингот во Македонски Брод носителот на листата во првата ИЕ Никола Попооски.
-Чест и задоволство ми е што сме собрани денес тука заедно во една од најубавите македонски општини, полна со луѓе кои имаат дух, душа, знаат да ја чуваат македонската традиција, чесни луѓе, домаќини, големи домаќини. Добри и позитивни луѓе и покрај тоа што бевте жртви на една транзиција која секој од вас дирекно ја почувствувал врз плеќите, секој од вас се сеќава на таа мрачна транзиција, едно време во кое се натпреваруваа колку работни места ќе се смалат, колку фабрики ќе затворат, колку фирми нема да функционираат, е тоа беше таа мрачна транзиција во која времето го одбележаа едни ликови кои денес така маскирани сакаат да не прелажат, замислеле ќе носеле живот, за кого, па тие животот го зедоа од оваа држава. Значи оние истите ликови кои неколку пати се мереа кој колку работни места ќе затвори, колку фирми ќе затвори денес маскирани излегуваат и велат еве сега ние имаме програма, сакаме да добиеме повторно вто0ра шанса и ако може уз пат да ја редефинираме државата така барем велат, незнам најдобро е да ги слушнете што велат и што мислат, рече Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст