| четврток, 6 декември 2018 |

Решавање на двете најважни животни прашања – вработување и сопствен дом

Решавање на двете најважни животни прашања – вработување и сопствен дом преку реализација на „Купи куќа за млади“ до 35 години и за над 36 години, отворање нови 70.000 работни места преку привлекување странски инвеститори стимулирање на домашните, рестартирање на некогашните фабрики кои во моментов се под стечај, отворање голема агроберза…, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со граѓаните на Демир Капија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред жителите на Демир Капија најави и завршување на автопатот Демир Капија – Смоквица до Нова година и официјално пуштање во употреба до мај наредната година, реконструкција на патот Неготино – Демир Капија и повеќе други регионални и локални патишта, изградба на обиколницата околу Демир Капија, нова детска градинка, реконструкција на училишта и Културниот дом во градот, како и изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Демир Капија со што и Демир Капија, како што рече, ќе добие гасовод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top