| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Ќе се гради нов автопат Кичево- Гостивар

По довршуваето на автопатот Кичево –Охрид, ќе започне изградба на автопатна делница Кичево-Гостивар, а во меѓувреме реконструкција на постоечкиот пат – најави Антонио Милошевски носителот на листата во изборна единица 5 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денеска во Кичево ги презентираше новите проекти кои се предвидени во програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска со задоволство во Кичево ќе ги презентираме новите проекти. Прво довршување на автопатот Кичево –Охрид, започнување на изградба на автопатна делница Кичево-Гостивар, а во меѓувреме реконструкција на постоечкиот пат. Започнување на иградба на пат Кичево – Бошков мост- Дебар,  со што градот ќе добие веќе епитет на вистинска крстосница и завршување на некои локални патишта кои се важни за околината во Кичево. Имаме намера исто така да се изградат две градинки во Кичево, една спортска училишна сала во училиштето „Кузман Јосифовски Питу“ и една причистителна станица која што е потребна за речните сливови  во Кичево, во вредност од седум милиони евра. Така што сите овие проекти, заедно со странската инвестиција која што ја имаме и очекуваме да се проширува, веруваме дека ќе придонесат во голем дел за унапредување на стопанството во Кичево, што е наша најголема потреба – рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top