Популарниот американски актер, Стивен Сигал се здоби со руско државјанство, а пасошот лично му го врачил претседателот на Русија. Путин изражи надеж дека тоа ќе биде симбол на подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон.
На официјалната церемонија, Стивен Сигал го потиша својот пасош, пред очите на рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат светските медиуми.
-Сакам да ви честитам и истакнам дека овој мал гест да биде знак на постепено нормализирање ма односите меѓу двете земји, рече рускиот председател, врачувајќи му го пасошот на амариканскиот актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.