| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија ќе добие гасовод на следниот јавен повик

A sixty-foot section of pipe is lowered into a trench during construction of the Gulf Coast Project pipeline in Prague, Oklahoma, U.S., on Monday, March 11, 2013. The Gulf Coast Project, a 485-mile crude oil pipeline being constructed by TransCanada Corp., is part of the Keystone XL Pipeline Project and will run from Cushing, Oklahoma to Nederland, Texas. Photographer: Daniel Acker/Bloomberg via Getty Images

Ќе биде донесен гасовод до Гевгелија и тоа ќе биде направено со следната објава на Јавен повик за изградба на гасовод, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во моментов се гради од Штип до Неготино, а при крај е потпишувањето на договорите за градба од Неготино преку Прилеп до Битола и од Скопје до Тетово и Гостивар.

– Следен на ред е гасоводот од Штип, Хамзали, Струмица Гевгелија па до грчка граница. Гевгелија ќе добие гасовод преку цевка, а не како што носи Заев во Струмица со цистерни и е многу поскап и токму затоа домаќинствата во Струмица не го користат. Го користат од што мораат локалните институции. Овој пат ќе имаме поевтин гас поврзан со цевковод и ќе се однесе до грчка граница каде ќе се спои со друг цевковод. Па ќе овозможи и гас од други извори кој би бил поевтин и би ја спуштил цената на гасот во Македонија, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top