| четврток, 6 декември 2018 |

20 милиони евра за стартување на првата земјоделска берза во Македонија-Агро пазар

ovosje-zel

За набавка на високо приносниот добиток за оние кои што се занимаваат со сточарство државата ќе им обезбеди 80 отсто од трошоците доколку сточарот се одлучи да набави и да го замени својот добиток со високо приносен добиток кој што дава дупло или трократно повеќе производ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, појаснувајќи дека проектот продолжува и во иднина.

Исто така, новиот проект Агро пазар е еден од позначајните и е замислен како место што ќе биде еден вид на земјоделска берза.

– Ќе се направи некаде во центарот на Македонија помеѓу Неготино и Демир Капија, каде што ќе бидат изградени повеќе објекти дал од нив ќе бидат за складирање, дел за ладење, а главниот објект ќе биде место каде што ќе се продаваат свежите земјоделски производи на македонските земјоделци, рече Груевски.

На тоа место, појасни Груевски ќе биде сконцентрирана најголем дел од понудата и најголем дел од откупувачите и од Македонија и од странство. Додаде и дека ќе може да се плаќа и купува од интернет а ќе бидат инвестирани најмалку 20 милиони евра  во набавка на нова опреа и објекти во кој ќе биде сместена земјоделската берза Агро пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top