| четврток, 6 декември 2018 |

Трипуновски на средби со производителите на храна во Делчево и Македонска Каменица

15205796_359423217739202_1980004931_o-640x480

Во рамките на определбата на ВМРО ДПМНЕ,  да се има постојана комуникација со граѓаните, денеска во Делчево и Македонска Каменица престојуваше Цветан Трипуновски. Тема на средбите беше перспективата на производството на храна и посебно пчеларството  во периодот кога се очекува завршување на наметнатата криза во државата.

Трипуновски на средбата со пчеларите во Македонска Каменица потенцираше дека во Република Македонија има 73 960 пчелни семејства при што е евидентно зголемување во однос на претходните години. Радува фактот дека има зголемување на нови пчелари и тоа 6,6 проценти од вкупниот број регистрирани производители. Цената на медот и на преработките ја прави оваа сфера интересна за новите фармери, а за тоа ќе имаат и значајна поддршка од државата. Пчеларите побараа обновување на багремовите насади низ земјава со што директно ќе се стимулира производстовото на мед, на што им беше презентирано дека планот за садење дрвца во најголем дел опфаќа токму багрем со што се содзава вистинска подлога за поголеми приноси.

tr

– ВМРО ДПМНЕ постојано е во комуникација со сите граѓани, особено со земјоделците во Република Македонија. ВМРО ДПМНЕ покажа дека земјоделецот го заслужува вистинското место. Денес сме во Делчево на средба со граѓани во повеќе населени места, во Трботивиште, село Град, а пред тоа бевме и во Македонска Каменица. Остваривме средба со земјоделците од овој регион и разговаравме за нивните потреби и поддршката што има ја даваме. Сакам да потенцирам дека ВМРО ДПМНЕ покажа како треба да се грижи и како треба да се поттикнува и да му се помага на македонскиот земјоделец со сите оние мерки коишто ги имавме изминатиов период, и во делот на субвенционирањето и во останатите сфери. Ова го потенцираше Цветан Трипуновски по завршувањето на средбата во Делчево.

2tr

За наредниот период додаде, дека  во новата програма на ВМРО ДПМНЕ се издвојуваат неколку моменти што ќе значат подобар живот и поголем придонес за македонскиот земјоделец, а тоа е новиот систем односно новиот проект за 80 проценти финансирање на новите системи „Капка по капка“ кои ќе значат поголемо и порентабилно производство во земјоделскиот сектор. Исто така во наредните четири години се предвидува 600 милиони евра субвенција во македонското земјоделство, што ќе значи дополнителна помош за македонскиот земјоделец.

Трипуновски  се осврна и на политичката состојба која директно влијае и на работата на производителите на храна. ,,На секој граѓанин му е јасно што значат релаксирани услови за живот и работа,  кога енергијата нема да се троши на бесмилени, испровоцирани и наметнати односи од страна на СДСМ, наспроти избраните претставници од народот на последните парламентарни избори.Затоа, не треба да има никаква дилема: само 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ во идниот законодавен дом се вистинска гаранција за враќањето во нормален колосек и продолжување на патот на развојот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top