Според непрофитната организација Американско сојузно земјоделско биро (АСЗБ), се очекува Американците да потрошат една милијарда долари за традиционалната мисирка за Денот на благодарноста. Просечната цена за една мисирка од 7,5 килограми оваа година изнесува 22,47 долари.
Според податоците за Денот на благодарноста, оваа година во САД се очекува да се продадат околу 45 милиони мисирки. Според АСЗБ околу 275 милиони Американци, или 85 отсто од вкупно 324 милиони жители на САД, се очекува да имаат мисирка на својата празнична трпеза.
Од организацијата проценуваат дека просечната цена на годишната трпеза за Денот на благодарноста за 10 луѓе ќе изнесува 49,87 долари, што е намалување од 0,24 долари, во просек, за разлика од минатогодишниот просек од 50,11 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.