Рускиот писател Лав Николаевич Толстој со своите дела допре многу луѓе бидејќи тие се полни со ситуации со кои многу од нас можат да се поистоветуваат без оглед на статусот и годините.
Ова се неколку од лекциите од „Ана Каренина“, една од најчитаните книги на Толстој.
1. Не е злато се’ што сјае
Кога мораше да избере меѓу два додворувачи, Левин и Вронски, 18 годишната Кити мислеше дека шанса треба да му даде на оној кој е позгоден и пошармантен. Но, иако Вронски ѝ се додворува, тој се заљубува во Ана Каренина, и на крај и двете ги остава со скршено срце. Од друга страна, Левин на почеток делува ексцентрично, меѓутоа во текот на романот се докажува како верен партнер.
2. Брзањето со бракот не е мудро
Статистиките упатуваат дека годините за стапување во брак на двата пола значајно се поместиле низ годините и вековите. Лав Толстој во ова дело не го негира овој тренд, но секако пишува за проблемите со кои се соочуваат сите кои поминуваат низ крутиот систем на запознавање и додворување. На пример, Левин, кој во книгата стапува во брак на 32 години е најсреќен во врска со својата одлука од сите останати ликови.
3. Разводот треба да биде општествено прифатлива опција
Бројот на разводи денес е толку висок што голем број парови развиваат менталитет според кој не сакаат ни да стапат во брак. Сепак, авторот на „Ана Каренина“ и неколку негови ликови би биле многу посреќни ако би ја имале опцијата за развод.
4. Животот е (не)фер
Понекогаш е примамливо да се пожалиме дека животот не е фер, но од перспектива на Толстој ова не е продуктивно. Тој мисли дека судбината му е зацртана на човек, па можеме да го промениме само нашиот начин на кој се соочуваме со нашата судбина.
5. Постои вистинска љубов и романтика
Приказната за Ана Каренина е трагедија, бидејќи главниот лик го ризикува својот живот за да го следи своето срце. Но тоа не значи дека не постои романтиката и вистинската љубов. Во текот на книгата се наоѓаат и моменти на исконска среќа. Левин е на пример преокупиран со Кити уште од моментот кога ќе ја здогледа, па иако на почеток имаат проблеми со бракот, тие на крајот со заеднички сили создаваат удобен живот.
6. Рутината не мора да биде досадна
Луѓето треба да уживаат во своите мали ритуали и обврски ако тоа им претставува среќа. Во книгата Левин често е исмејуван поради својот стил на живеење. Наместо озборување и одење на опера, тој повеќе ја сака физичката работа на својот имот, станувањето рано наутро и шетањето по зелени пространства.
7. Едноставниот живот може да биде прекрасен
Една од причините поради кои Левин е најпрепознатливиот лик во романот е поради тоа што не се смета за господар, туку е личност која рамноправно работи заедно со своите слуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.