Анкара ја предупреди Европската унија дека без турска помош, Европа ќе биде поплавена со емигранти. Затоа, порача турскиот премиер Бинали Јилдирим, преговорите помеѓу ЕУ и Турција се многу поважни за Брисел отколку за Турција.
– Ние сме еден од факторите што ја штитат Европа. Ако бегалците поминат, ќе биде преплавена Европа и ќе ја преземат, а Турција тоа засега не го дозволува – изјави Јилдирим во видео пренесувано во живо во неговата земја.
Тој дополни дека преговорите секако би биле штетни и за Турција, но пет до шест пати поштетни за ЕУ.
Откако Европскиот парламент (ЕП) изгласа резолуција за привремено замрзнување на преговорите помеѓу ЕУ и Анкара, Јилдирим ги повика лидерите од Европа да се спротивстават.
– Резолуцијата е безначајна од наш аспект. ЕУ треба да се одлучи дали сака иднина со или без Турција – вели Јилдирим.
ЕП изгласа таква резолуција по кулминација на односите помеѓу Унијата и Турција за разните гледишта во поглед на мигрантската криза, и уште повеќе неуспешниот пуч, по кој турските власти „чистат“ сѐ што тие самите сметаат дека се нашло на листата за државен удар врз Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД