| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтата поскапува на светскиот пазар

Цената на нафтата на светскиот пазар е во благ пораст пред состанокот на Организацијата за земјите извознички на нафта (OPEC) закажан за следната недела, кога ќе се разговара за предложените ограничувања на производството.

Во Лондон цената на сурова нафта „брент” од Северно Море во петокот во претпладневното тргување се зголеми за пет центи и сега изнесува 49 долари по барел.

Во Њујорк цената на светлата сурова нафта се зголеми за два цента, и сега изнесува 47.98 долари по барел нафта.

Аналитичарите наведуваат дека активноста на пазарот е слаба поради празникот Ден на благодарноста (Thanksgiving Day) во САД.

OPEC ќе се состане на 30-ти ноември поради координација на намалување на производството на нафта во Алжир во септември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top