Само со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тоа е главната гаранција за завршување на кризата и сигурност дека Зоран Заев и неговата банда нема да продолжат да ја дестабилизираат Македонија со нивните игри и манипулации.
Тој што си ја почитува својата нација знае да ги почитува и другите, тој што ја почитува својата вера знае да почитува и туѓата. Тој што не си почитува својата вера и нација не ја почитува другата. Заев не си ја почитува својата нација, со својата нација игра мајтап, тој се однесува неодговорно. Ако ја лаже својата нација ќе ги лаже и другите, човек што лаже секогаш лаже, човек што не почитува, секогаш не почитува, истакна во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски на митингот во општина Карпош.
Останаа уште 15 на дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, до ставање на крај на она што две и пол години Заев Шекеринска и го прават на Македонија, продолжи Груевски.
Исклучително е важно кризата да заврши, кризата ќе заврши само со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тоа е главната гаранција за завршување на кризата и сигурност дека Зоран Заев и неговата банда нема да продолжат да ја дестабилизираат Македонија со нивните игри, манипулации. Дека нема некој од горе како што пишува Заев порака, дека некој од горе ќе го донел. Ако некогаш биле потребни 63 пратеници за иднината на Македонија, тоа е сега, порача Груевски.
Слушавме како ќе ја виткал кичмата, продолжи Груевски, тоа беше во однос на името, тоа е негова изјава.
Слушавме како ќе ги отпуштел кога ќе дошол за премиер сите, од чистачка до директор. Па што му згрешиле тие, тој гнев што го носи во себе нему ги носи поразите, нему му носи штета, рече Груевски.
Деновиве, продолжи тој има нова теза дека сме биле националисти и дека сме измислувале работи.
Ние не го теравме да зборува во Швајцарија, да пишува памфлети. Сега ВМРО му е виновно, сите му се виновни. Видовме што е планот уште кога кажа дека кичмата треба да се свитка, тоа се планови со кои сакаа да ни го урнат соживотот. Имаме соживот низ Македонија низ секоја мултиетничка средина. Во секоја мултичетничка држава се јавуваат недоразбрана но тие се решаваат, на овој простор сите сме живееле секогаш заедно, Македонци, Албанци, Турци, Роми…Немало проблеми, некој од надвор сакада ни го растури соживотот. Затоа ја измислија тезата дека ние сме националисти. Не знам како сме националисти кога 10 години сме во коалиција со албанска партија. Ние ги почитуваме и затоа земавме албанска партија да биде во власта за да ги исполнуваме потребите и на Албанците. И кога имавме мнозинство во парламентот пак земавме албанска партија. Тогаш ли бевме националисти? Националисти бевме кога ги зголемувавме субвенциите и не делевме никој. Сите добиваа исто. Од нашите реформи од наши дела, проекти секој добива, не ги делиме луѓето по ништо, ниту по нација ниту по вера, подвлече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии