| четврток, 6 декември 2018 |

Тајните на Северна Кореја: Логорите во кои мачат и убиваат се гледаат од вселената

kim2

Сателитски снимки откриле како во Северна Кореја расте бројот на затвореничките логори, во кои благо кажано, се нарушуваат човековоите права, односно казнетите се мачат, изгладнуваат, се принудуваат на работа, па и се убиваат.

Две нови снимки ги прикажуваат озлогласените политички затвори познати под името Кванлисо кои се надоградени со посебни протории меѓу кои има и крематориум за оние кои не биле поштедени од палката на лидерот Ким.

Иако Севернокорејската влада тврди дека логорите на постојат, Амнести Интернешнл објави фотографии од распространетата мрежа на објекти кои се наменети за казнување на луѓето.

nintchdbpict000284351264

Амнести Интернешнл објавил истражување за два логори, Кванлисо 15 и 25 во кои има мажи, жени и деца, а повеќето од нив немаат направено никаков прекршок, туку се казнети затоа што го „загрозувале“ режимот.

Фотографиите прикажуваат нова стражарска мрежа, проширен крематориум и простор за земјоделски активности.

nintchdbpict000284351270

– Сликите кои ги анализиравме ги потврдуваат нашите претходни сознанија за присилна работа и казнување во Кванлисо, како и инфраструктурата која владата ја користи за извршување на казните. Северна Кореја постојано забранува пристап за надгледувачите и за останатите кои работат на заштита на човековите права, а инфраструктурата која ја имаме регистрирано е толку голема што може да се забележи и од вселената, вели Мика Фарфор од Амнести Интернешнл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top