Еден од најталентираните пилоти на сите времиња, Џенсон Батон ќе ја вози својата последна трка во Формула 1 шампионатот и ќе стави крај на богатата 16-годишна кариера. Тој, заедно со Фелипе Маса, најавија емотивна разделба од спортот на трката во Абу Даби овој викенд.
Поради интересот на Мекларен за сензацијата Макс Верстапен, време беше Батон да размислува за пензија. Но, тој ќе остане во екипата како амбасадор или пак, резервен возач. Во 2009 година, заедно со Рос Браун докажа што може на патеките кога има конкурентен болид, освојувајќи ја својата единствена титула во Формула 1.
Тој стана прв победник на патеката во Канада во 2011 година, искористувајќи ја грешката во последните неколку круга на лидерот Себастијан Фетел од Ред Бул.
На крај неговото име можеби нема да се споменува во ТОП 10 пилоти во историјата, но неговите способности и стил на возење го прават Британецот еден од поомилените во последните неколку децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.