| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во Кичево – со автомобилот се качи на дрво

Сообраќајна несреќа во која, за среќа, причинета е само материјална штета, се случила рано утрово во 4.50 часот во Кичево.

Од полицијата велат дека 24-годишниот Ф.Г. од Албанија управувајќи „ланд ровер“ во кој имало уште двајца сопатници, загубил контрола над возилото поради неприспособена брзина и излетал од коловозот.

Автомобилот удрил во дрво, кое се наоѓало на пешачката патека на булеварот „Ослободување“, кај кружниот тек.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top