| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Горди сме што сме први кои покажаа дека работат за граѓаните

dimoski-jpg1_-640x425

Вечерва во новиот театар „Џинот“ во Велес, ВМРО – ДПМНЕ го промовираше отчетот за сработеното. На промоцијата се обрати и носителот на пратеничката листа во 3-та изборна единица, Илија Димовски. Тој истакна дека во оваа кампања ќе зборуваат за сработеното, а нема да посветат ниту една минута на лагите и манипулациите на СДСМ.

– Денеска во Велес работите се менуваат. Денес работи фабриката Маркард, со досега исполнета инвестиција од над 31 милион евра и со вработени повеќе од 320 наши сограѓани, инвестиција која донесе висока технологија во нашиот град. Владата на Република Македонија, токму во Велес, потпиша договор за ивестиција на групацијата БРГ, една од најголемите компании во Азија за производство на кујни од инокс, инвестиција во објектот на поранешна Порцеланка, која најави 1000 вработувања на наши сограѓани. Дополнително, Владата на Република Македонија, со подсредство на министерот Џери Наумоф, потпиша договор со германската компанија Ексти текстајл, за инвестиции во просториите на поранешна Свилара во која се предвидуваат 1000 вработени, од кои, дел 30-тина се повикани на работа и се започнати со припремни активности за стартување на производство. Турската компанија Еуробрик, во стечајна постапка го откупи имотот на поранешен Ќиро Чучук, една од столбовите на индустријата и инвестираше околу 2 милиони евра во реконструкција на постројките и во опремување на нови линии за производство на цигли. Бројот на лица кои што имаат работно место е зголемен за 4 500 наши сограѓани, рече Димовски.

dimoski-jpg2_-640x425

Тој истакна дека покрај капиталната инвестиција за игзрадбата на велешкиот театар има и многу други работи: „За изградбата на театарот, државата инвестираше над 11,9 милиони евра, а инвестициите во археолошкиот локалитет Стоби завземаат огромен развој. Комплетно се реконструираше спомен Костурницата, дополнително инвестиравме средства за реконструкција на Народниот музеј, набавивме над 2 500 илјади наслови за библиотеката. Инвестициите надминуваад над 16 милиони евра само за културата во Велес и Велешко.“

Носителот на 3-та изборна единица не ги изостави и инвестициите, кои, според него, апсолутно ја менуваат смислата за функционирањето на секој граѓанин.

-Комплетна реконструкција на автопатот Скопје – Велес и Велес – Скопје со целосна реконструкција на сите мостови. Проект кој чинеше повеќе десетици милиони евра. Реконструкција, проширување и изградба на патот од Велес до Кадрифаково. Во моментот се гради еден од најкрупните проекто воопшто во Македонија, а тоа е изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Се работи на изградба на експресниот пат Градско – Прилеп, пат со четири ленти. Во новата програма, ВМРО-ДПМНЕ предвидува околу 600 илјади евра за реконструкција на регионалниот пат кон Богомила. Дополнително, ќе се реконструира патот кон Градско, а целосно ќе се реконструира патот од Демир Капија кон Неготино. Ќе продолжат и инвестициите во железничката инфраструктура. Ќе продолжат набавките на нови возови. 6,73 милиони евра за изградба на локални патишта во Велес и Велешко, за нашите села да добијат асфалт, изјави Димовски.

dimoski-640x425

Тој кажа и дека е направена целосна реконструкција на теренот на градскиот стадион. Направено е и помошно фудбалско игралиште, направени се тениски терени, завршени се реконструктивните зафати во внатрешноста на спортската сала Гемиџии, а се посвети внимание и на развојот на спортот во помалите населени места во Велес.

Димовски најави четири нови градинки во Велес, но и нагласи дека за 40-50% е зголемен капацитеот, односно бројот на деца кој градинките можат да го примат.

-Неколку спортски клубови ги вративме во живот. Комплетно заборавениот ракометен клуб Борец, кој денес игра во супер лига, го возобновивме одбојкарскиот клуб Борец. Турската компанија Еуробрик, најави дека има намера да инвестира во кошаркарскиот клуб во Велес. Еден од фубалските клубови од Велес, стана сопственост на фабриката Брако. Велес се враќа на спортската мапа, рече Димовски пред своите сограѓани.

Во следниот период ќе продолжиме со ист интензитет, ист капацитет и уште повеќе енергија. Одговорноста што ја носиме е уште поголема. Да работиме, да притискаме, да се расправаме и што е можно повеќе работи да бидат изградени во нашиот град.Секој интерес кој што го има Велес можеме да го понудиме, можеме да се избориме. Тоа е плодна тимска работа на сите овие луѓе, кои се денес присутни во оваа сала.

-Ние кампањата ќе ја тераме вака. Ќе зборуваме за тоа што сме сработиле, ќе зборуваме за зголемените пензии, за големените плати, зголемениот број на вработени во нашиот град, ќе зборуваме за намалените цени на лековите во Република Македонија, ќе зборуваме за новите возови, ќе зборуваме за браната лисиче, за патиштата, за секој метар асфалт, за секој метар променета канализациска мрежа. Нема да посветиме ниту една минута на лаги шпекулации, местенки, манипулации, кои нашиот политички непријател, упорно и секојдневно се обидува на државно и локално ниво да ги пласира.Тие знаат дека на крај на денот, никој човек не е будала, никој човек нема да гласа спротивно од интересите на нашиот град. Тие знаат дека секој граѓанин на Велес, ќе има прилика да го погледне овој отчет, да ја погледне програмата која има над 530 страни, но секој граѓанин на Велес и памети како беше кога се затвараше Порцеланка, и кога тогашната полиција ги тепаше вработените во Порцеланка, памети како беше кога се затвараше Свилара, Брако и сите други компании. Имам обврска како Велешанец, да кажам дека  ние почитуваме секого и дека сакаме да жиевееме со секого. Во нашиот град имаме многу Турци, Роми, Бошњаци, Власи, Срби, Албанци. Сакаме да живееме со секого, но неприфаќаме да бидеме обвинети дека Македонците и Македонија се криви за проблемите, заклучи Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top