| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Владина поддршка за компаниите кои ќе инвестираат во руралните средини

ilija-dimovski

Владина поддршка за сите домашни и странски компании кои планираат да инвестираат во стопански капацитети во руралните средини, најави денеска носителот на третата изборна единица Илија Димовски од ВМРО-­ДПМНЕ.

Тој посочи дека Свети Николе има многу населени места кои се уште се живи и имаат потенцијал.

– Сите села од Свети Николе ќе бидат дел од т.н. рурална зона во која домашните и странски компании кои ќе инвестираат ќе добијат поддршка од 20 отсто грант од државата за инвестицијата, голем број даночни ослободувања, ослободување од царина за машините кои ќе ги увезуваат за инвестициите, ослободување 50 отсто за придонесите во следните десет години, како и целосно ослободување од персонален данок и данок на добивка во следните десет години, рече Димовски.

Тој оставри средби со жителите на Свети Николе, пред кои ја презентираше програмата на владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top