| четврток, 6 декември 2018 |

Бајага, Прљаво Казалиште и Ареа во Скопје

Бајага и „Инструкотри“, „Прљаво казалиште“, „Ареа“ и „Деца из воде“ бендот посветен на „Екатерина велика“, на 3 декември во салата „Борис Трајковски“ ќе настапат на првото издание на фестивалот наречен „Сé што ти е потребно е љубовта“, според големиот истоимен хит на „Битлси“.

Настанот кој е во организација на продукциајта „Авалон“ ќе трае речиси шест часа, а секој од групите пректично ќе има соло концерт. Всушност, ова нема да биде фестивалски концепт туку повеќе како целовечерни концерти на четири различни групи.

– По големиот број концерти на големи странски иммиња кои годинава ги организиравме во Македонија и во државите од соседството, конечно на овдешната публика ќе и понудиме еден маратонски концерт за сите генерации, затоа што музиката на Бајага, „Прљаво казалиште“, „Ареа“ и „ЕКВ“, израснаа повеќе генерации – рече Денис Илиоски од прдукцијата „Авалон“.

На прес-конференцијата присуствуваше и Момчило Бајагиќ-Бајага, кој изрази голема благодарност до организаторите што го поканиле да настапи на првото издание на фестивалот.

– Драго ми е што повтрно сум во Македонија, земјата во која секогаш се чувствувам многу пријатно. Тука публиката секогаш ме прифаќала одлично, и затоа ветувам дека на 3. декември ќе направиме одличен концерт и одлична атмосфера. Ќе ги свириме сите големи хитови од мојата долгогодишна кариера. Секако меѓу нив е и песната „Само нам је љубав потребна“, која е „задолжителна“, пред сé поради тоа што и самиот фестивал се вика така. Можеби „Авалон“ го позајмија името од мене, но јас пак тоа го позајмив од „Битлси“. Мислам дека оваа парола и денес функционира исто толку добро како и во 1960-тите кога беше напишана и отпејана од Џон, Пол, Џорџ и Ринго – рече Бајага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top