Поранешниот прв човек на клупата на ЛА Галакси, Брус Арена е нов селектор на Соединетите Американски Држави (САД).
Брус Арена веќе еднаш беше предводник на САД од 1998 година до 2006 година, а во борбата за тренерското столче го победи „европскиот“ кандидат Аврам Грант. Под водство на Арена, САД дојдоа до четвртфиналето на СП 2002, а на СП 2006 настапуваа во групната фаза.
Арена со Галакси одлично ја почна сезоната во МЛС, но иако располага со голем број фудбалски ѕвезди, беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот од тимот на Колорадо Рапидс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.