| четврток, 6 декември 2018 |

Владе УЧК, роден во Македонија, израснат во предавник

Роден на: 29 април 1947 година во Скопје

Професија: театарски режисер

Специјалност: кризи и местенки

Предавник. Кодош со тапија. Лустриран удбаш. И сигурно ова ви изгледа како гневно налудничаво набројување на етикети, ете така, што од немоќ што од пакост, но грешите. Овие погрдни гнасни зборови, всушност, се епитети кои го величаат ликот и делото на Владимир Милчин. Жално, страшно, ужасно.

Владимир Милчин, доскорешниот прв човек на СОРОС во Македонија, во понеделникот беше одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“. Признанието му го додели лично претседателот на Косово, Хашим Тачи.

milcin-dosie1

Со значајни погледи, срдечни насмевки силно си ги стиснаа рацете, Хашим Тачи, кој ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20 век“ и Владе Милчин, кој дал особен придонес во обединувањето на сите албански политички лидери во Македонија.

Тоа, посочи Тачи пред присутните, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.

Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови – додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на националните интереси.

tachi

Милчин се најде меѓу стоте личности од Македонија кои беа одликувани, рамо до рамо со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

1431871672572399

За што беше одликуван Милчин и зошто тоа не е изненадување? За Диво Насеље, за Гошинце, за Смиљковско Езеро, за двојазичност, за федерализација на Македонија, за распад на земјата, за Голема Албанија. За мачените полицајци, за загинатите, за петте деца убиени ѕверски на Велики петок. Овој Владимир Милчин, роден во Македонија, израснат во предавник, минатата година организираше митинг на СДСМ, на кој беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, a нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.

protest-sdsm-golema-albanija

 

281425

На митингот беше истакната и јавна поддршка за 113 Косовска бригата именувана по Исмет Јашари, чии членови и челни луѓе го предводеа терористичкиот упад во Куманово една недела пред митингот. Во таа пресметка со те­ро­ри­сти­те паднаа осум по­ли­ци­ски жи­во­ти. На тоа се на­до­вр­зу­ва­ат и сим­бо­ли­те за иде­и­те за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, со кои на­се­ка­де на Бал­ка­нот се пре­диз­ви­ку­ва­ат ин­ци­ден­ти, по­ткре­пе­ни и со скан­ди­ра­ња за УЧК. Заев и СДСМ потоа ја почнаа кампањата кон албанските гласови.

screenshot-10

Та­ква­та по­ста­ве­ност не беше слу­чај­на, имајќи ги предвид денешните залагања и ветувања на лидерот на СДСМ Зоран Заев пред македонските Албанци.

Текстот е објавен во рубриката Личност на неделата, во 221 број на неделникот Република, кој излезе од печат на 25 ноември 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top