Едната опција креира кризи. Другата работи, помага, се грижи и создава. Едната опција сее омраза и поделеност, другата е посветена на конкретни проекти кои го подобруваат вашиот живот. Едната опција се занимава со деструкција и конфликтност, другата ги решава секојдневните проблеми на граѓаните и се грижи за државните интереси. Само запрашај се: „СО КОГО ЌЕ МИ БИДЕ ПОЛЕСНО? – изјави вечерва Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на митингот кој се одржа во Струга.
Според Груевски, во нашиот живот често се соочуваме со некаков избор.
– Во Кое училиште ќе одиме? Кој факултет ќе го одбереме? Со која професија ќе се занимаваме? Каков ќе биде твојот дом и како ќе изгледа твојата иднина? Тоа се избори кои одредуваат во кој правец ќе се движи твојот живот. Така е и со овие парламентарни избори кои се пред нас. Изборот е помеѓу алтернативи. Споредете ги самите и одберете – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
Груевски рече дека граѓаните треба да си го постават прашањата кој подобро ќе се справи со економските предизвици, кој ќе отвори нови работни места?
-Кој ќе изгради нови патишта, болници, училишта?, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Кој ќе обезбеди повисоки плати и пензии? На кого му држи зборот? Кој може и знае да ги направи сите овие работи? ВМРО или СДСМ Ова е едноставен избор. Ова е одлука за тебе и за Македонија – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии