| четврток, 6 декември 2018 |

Втор фестивал „Вардар филм прикажува македонски филмски класици”

На вториот фестивал „Вардар филм прикажува македонски филмски класици” кој е во тек и ќа трае до 25 ноември во киното „Синеплекс“ во Скопје  ќе бидат прикажани четири играни и пет документарни филмови кои беа создадени под логото на „Вардар филм”.

Како што соопшти „Вардар филм“, станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа „Вардар филм”, од 1950 до 1997 година.

На фестивалската програма се играните филмови: „Фросина“ во режија на Воислав Нановиќ (1952); „Каде по дождот“ на Владан Слијепчевиќ (1967); „Џипси меџик“ на Столе Попов (1997) и „Виза на злото“ во режија на Франце Штиглиц (1959), и документарните филмови: „Дае“ на Столе Попов (1979); „Пула 1956“ во режија на Славко Јаневски (1956); „Радосно детство“ на Благоја Дрнков (1950); „Тенда“ на Ацо Петровски (1955) и „Охрид“ во режија на Киро Билбиловски (1954).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top