Никола Ристановски ја доби наградата „Златен делфин“ за најдобар актер на 4. Босфорски интернационален филмски фестивал (Bosphorus Film Festival) во Истанбул, за главна улога во црногорско-српската копродукција „Игла под прагот“ – режисерско деби на Иван Мариновиќ.
Светската премиера на филмот беше на фестивалот во Сараево, по што филмот гостуваше на повеќе фестивали, меѓу кои и во САД и Австралија. Македонската публика имаше можност да го види филмот на штотуку завршениот 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“.
Режисерот Мариновиќ е и автор на сценариото на филмот „Игла под прагот“ кој раскажува за жители на мало село на полуостров кои се на прагот да продадат голем имот во парохијата на поп Петар (Никола Ристановски) и со тоа да ги решат сите свои проблеми. Единствената пречка на нивниот пат е тврдоглавиот поп Петар, кој одбива да го продаде својот дел.
Покрај со итрите селани кои секојдневно му го загорчуваат животот, Петар се соочува и со деменцијата на својата мајка (која ја игра актерката Јелисавета Сека Саблиќ), со вљубеноста на опседнатата Мара, со бунтовноста на синот-тинејџер и со постојаното преиспитување на сопствената вера.
Филмот е кандидат на Црна Гора за Оскар за 2016 година. Играат и актерите Сека Саблиќ, Богдан Диклиќ, Леон Лучев…, а покрај Ристановски, македонско учество во филмот има и музиката на Тони Китановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст