Германскиот тренер, Јирген Клисман доби отказ од местото селектор на фудбалската репрезентација на САД. Тој беше на клупата на Американците од 2011 година и со нив се пласираше во осминафиналето на СП во Бразил 2014 година.
Причината за отказот се поразите од Мексико и Костарика, што сериозно го доведуваат пласманот на САД на СП во Русија за две години. Германецот беше самоувереен дека ќе остане на селекторското место изјавувајќи дека резултатите ќе дојдат, но американската фудбалска федерација одлучи дека им е потребна промена.
Тој го донесе рекордот од 16 победи во една сезона во 2013 година, што е дел од историските книги на американскиот фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.