| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ја положи претседателската заклетва

На Капитол хил американскиот претседател Барак Обама ја положи заклетвата со што и официјално го почна неговиот втор мандат.

Обама, во присуство на над милион гости и американскиот џет сет, Обама, свртен кон споменикот на Мартин Лутер Кинг годинава направи  преседан. Тој му оддаде чест на борецот за правата на афроамериканците токму на денот кога се одбележува празникот за борбата против расната дискриминација.

Америаканскиот претседател официјално положи заклетва вчера во Белата куќа, но повторно го стори тоа на денешната јавна церемонија, предводена од претседателот на Врховниот суд Џон Робертс.

Тој го замоли Обама да ја стави раката на Библијата и да ги повтори по него зборовите запишани во членот два од Уставот.

– Јас Барак Хусеин Обама се колнам јавно дека чесно ќе ја извршувам мојата должност како претседател на САД и со сите мои сили ќе го чувам, бранам и заштитувам Уставот на САД. Нека Бог ми помага – изјави Обама.

obama polaga zakletva 2

Овој пат Обама положи заклетва врз две библии. На едната Библија се заколнал Абрахам Линколн во 1861 година, а другата му припаѓала на борецот за човекови права, Афроамериканецот Мартин Лутер Кинг, во чија чест САД денеска одбележуваат празник.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top