Математичар од Универзитетот во Барселона проценил дека постои 13 отсто шанса човештвото да не го доживее крајот на 21 век.
Доктор Фаргус Симпсон, математичар на Институтот за космички науки во Барселона изјави дека постојат шанси од 0,2 отсто дека „глобалната катастрофа“ ќе се случи во текот на 21. век.
Оваа пресметка се засонова на аргументот според кој се тврди дека може да се предвидат бројот на идните припадници на човечкиот вид на основна на вкупниот број на луѓе родени до сега.
Според пресметките на доктор Симпсон, околу 100 милијарди луѓе веќе се родени, а исто отприлика исто толку ќе се родат во иднината пред да изумре човечката раса.
– Нашиот главен заклучок е дека годишниот ризик на глобалната катастрофа моментно надминува 0,2 отсто – напиша доктор Симпсон во академскиот документ што се вика „Апокалипска денес“.
Тој проценил дека постојат шанси од 13 отсто човештвото да не го доживее крајот ан 21. век.
Ова е дури и оптимистички заклучок за разлика од претходните во кои британскиот астроном Мартин Риз сугерира дека постои веројатност од 50 отсто дека човечкиот род ќе изумре до 2100 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст