| четврток, 6 декември 2018 |

Поради огромниот пораст, Албанија ги укинува даноците

rama
Албанскиот премиер Еди Рама најави целосно укинување на даноците за мали компании – сите тие што имаат годишен промет помал од 36.400 евра.

Се намалуваат и даноците за поголемите компании, така што сите оние кои остваруваат годишен промет меѓу 36.400 и 58.200, од сега ќе плаќаат данок на добивка од само 5 проценти.

Албанија на тој начин сака да му даде дополнителен поттик на секторот на мали и средни претпријатија, со цел да се приближи на западноевропскиoт модел на оданочување.

rast
Албанија во изминатите 25 години постигна огромен напредок. Пред појавата на глобалната финансиска криза во 2008 година, имала најбрз пораст во Европа, по просечна стапка од 6 проценти годишно.

Сиромаштијата во период од 2002 година до 2012 година е намалена на околу 12 проценти.
Интересно е што нивната економија продолжи да расте и во време на кризата, иако со малку побавно темпо, од околу 3 проценти годишно.

Благодарение на странските инвестиции дошло и до пораст на вработеноста па бројот на работни места во приватниот сектор од 1999 година до 2013 година е двојно зголемен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top