| четврток, 6 декември 2018 |

Обама за Трамп: Ќе почекаме и ќе видиме

gty_trump_obama_hb_151112_split_16x9_992-81176

Претседателот на САД, Барак Обама, на последната прес-конференција во странство изјави дека за управувањето на неговиот наследник Доналд Трамп треба да се примени пристапот „да почекаме и да видиме“, пренесува „Си-Ен-Ен“.

– Новоизбраниот претседател треба да формира свој тим и да претстави детали како планира да управува. Тојуште немал можност да го стори тоа. Затоа луѓето треба да го прифатат пристапот на чекање и надзор за тоа колку од предложените  политики во Белата куќа, кога се заколнал, се совпаѓаат со реториката на неговата кампања – рече Обама, говорејќи на состанокот на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АТИС) во Перу.

Обама на крајот од својот мандат изјави дека сака да покаже почит и да му даде на Трамп можноста да ја претстави платформата. Обама истакна дека не може да гарантира дека Трамп нема да следи некои од позициите во предизборната кампања, но реалноста ќе го натера милијардерот да го промени начинот на кој одговара на проблемите, кога ќе стапи на должност.

Првиот црн претседател на САД, исто така, обрна внимание на значењето на неговата земја во светот, истакнувајќи дека нема друга земја која ќе ја пополнила празнината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top