Судсики извор соопшти дека синоќа на четирите лица им е одредена мерка притвор.
Апсењата се спроведени во рамки на прелиминарната истрага, покрената пред неколку дена од страна на антитерористичкото обвинителство.
Четирите осомничени терористи се уапсени на помалку од една недела пред отворањето на познатиот Божиќен панаѓур во Стразбур, закажано за в петок, кој секоја година привлекува по околу два милиони луѓе на улиците на оовј град во источна Франција.
Според весникот „Паризиен“, апсењата биле спроведена вчера околу 3 часот во квартот Мено о Нехов во јужниот дел од Стразбур. Уапсените биле забележани пред два дена кога веројатно очекувале испорака на оружје.
Меѓу потенцијалните цели на осомничените биле голем број на јавни места, вклучувајќи полициски станици во Стразбур и Божиќниот панаѓур.
Префектот на Алзас, Стефан Фратачи, неодамна изјави дека „во случај на прецизни и детални информации“ за терористички закани, Божиќниот панаѓур би можел да биде откажан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст