| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов доби титула почесен доктор на науки на БАН во Софија

ivanov-3

На свечена церемонија во Бугарската академија на науките (БАН) во Софија денеска на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му е доделена титулата „Почесен доктор на науки“.

Доделувањето на титулата е во рамки на дводневната работна посета на Република Бугарија, каде што денеска во Бугарската академија на науките одржа и предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот миленум“. Тој во БАН ќе се сретне и со академик Стефан Воденичаров, претседател на Академијата.

Предвидено е утре македонскиот претседател да се сретне со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, како и со новоизбраниот претседател на Бугарија Румен Радев, со кои ќе разговара за вкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top