Лаки бамбу е името на бамбусот што можете да го најдете во речиси секоја цвеќарница.
За оваа билка постои старо кинеско верување дека носи среќа, па од таму е и неговото име.
Во Азија оваа билка се носи во нов дом бидејќи позитивно влијае на емоциите и на атмосферата како и на работниот простор, бидејќи се верува дека носи и успех и напредок во кариерата.
Се верува дека две стебленца бамбус носат љубов, три обезбедуваат среќа, пет носат здравје, осум се за оние кои сакаат богатство, а девет носат среќа во сите области.
Ако сакате да проверите дали ова навистина функционира, добра вест е што бамбусот не бара некоја посебна нега за одржување.
Потребно е стебленцата да ги држите во вазна и на тој начин може да преживее и до неколку години. Водата треба да се дополнува на секои десет дена или две недели.
Треба да се има на ум дена среќниот бамбус е чувствителен на директна сончева светлина. Премногу силна светлина може да ја промени бојата на листовите од зелена во жолта.
Бамбусот успева и во слабо осветлени простории или во простории со вештачко светло.
Ако листот пожолти треба да се отстрани за да израсне нов. Исто така, треба да се каже дека оваа билка е отпорна на широк опсег на температури од 15 до 32 степени.
Збогатете го својот дом со оваа прекрасна билка, која може да ви донесе љубов, богатство и среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.