Рецензии и податоци за претстави, интервјуа со актери, режисери, драмски автори, историјати на професионалните театри во Македонија, но и содржини за познати театарски куќи од светот, како и други информации од сценската уметност ќе содржи веб-страницата Наше театарче.
Официјално ќе биде промовирана денеска во центарот „Јавна соба“ со почеток во 16 часот. Сајтот го креираа и ќе го ажурираат новинарот и театарски рецензент Борче Грозданов и неговата сопруга, писателката Катерина Грозданова.
– Веб-страницата ќе се занимава само и исклучиво со театар, односно во 90 проценти па и повеќе со македонскиот театар. Бидејќи сме први во електронскиот медиум кој во центарот го има македонскиот театар очекуваме театарските вљубеници да не посетуваат, а со тоа да имаме од 20.000 до 50.000 клика дневно. Нашата претензија не е да бидеме „голем сајт”, но идејата е нашите театарски писма да бидат насладување на сладокусците, како и за сите оние кои се или биле потенцијални и веќе „видени” гледачи во Театарот, наведуваат креаторите на веб-страницата.
Тие ги повикуваат сите кои сакаат да се придружат во интеракција и соработка да им пишуваат на електронската адреса: teatarce@gmail.com.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст