Зоран Заев ја користи најопасната реторика во историјата на плурализмот на Македонија, која може да резултира со уништување на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ. Вака политичкиот аналитичар, Никола Србов, во интервју за Прес24, ја оценува политиката што Заев ја заговара во овој изборен процес.
– Првенствено Заев зборува за Швајцарија на Балканот, претпоставувам што значи Швајцарија и какво е нејзиното уредување, во таа држава имаме Германци, Французи и Италијанци, додека германскиот, францускиот и италијанскиот јазик се официјални јазици зависно од кантонот во кој се наоѓате, во Швајцарија нема етникум Швајцарци. Ова е толку опасно што не води кон следниот заклучок дека, Заев би ја конституирал Македонија во неколку кантони во кои македонскиот и албанскиот јазик ќе бидат официјални јазици, но има еден проблем, а тоа е поврзаноста на Македонците со името на државата Република Македонија. Доколку сака да спроведе швајцарски модел тогаш Заев или ќе треба да го смени името на државата со кое нема да се поистоветува ниту еден етникум од така кантонизираната држава, или да го промени идентитетот на Македонците преку јазикот. Во вториот случај, државата би се викала Република Македонија во која живеат Албанци и Македонци (со тоа што Заев би не прекрстил) и официјални јазици би биле албанскиот и оној нашиот, македонскиот, кој Заев би го преименувал, ете тоа е Швајцарија на Балканот. Дури и старата идеја за Швајцарија на Балканот се темели на овие основи, во Македонија да живеат Срби, Бугари, Грци, Албанци, итн. поделени по кантони и сите овие јазици да бидат официјални во зависност од кантонот. Па да го запрашам Заев, дали ние ќе бидеме Бугари во овој случај? Звучи опасно, но мора да се објасни на јавноста што се крие зад ветувањата на Заев.
– Кантонизација е стадиум пред физичка поделба на Република Македонија, после административната територијална поделба која ја извршија претходниците на Зоран Заев, ова би било де факто исцртување на границата од што нема враќање назад, се ќе води кон поделба на Македонија и припојување на териториите кон соседните држави. Само да потсетам, не само Албанија, аспирации врз оваа територија има и Грција која уште во проектот наречен „Мегали идеја“ има зацртано дека Битола, Гевгелија, и други градови треба да влезат во состав на грчката држава. Покрај Грција се наоѓаат и Бугарија и Србија, кои сѐ уште имаат соништа за реализирање на нивните големодржавнички соништа на сметка на територијата на Република Македонија. И кога сето ова вака ќе го приложиме лесно доаѓаме до заклучок кој е виновен за негирањето на Македонија и Македонците, но за жал Зоран Заев ни соопшти дека ние Македонците сме биле виновни за апетитите кои ги имаат соседните држави кон Македонија и Македонците. Ние сме биле виновни што Грција се стреми да исчезнеме од политичката мапа и работи на тоа преку спорот кој го води за нашето уставно име, ние сме биле виновни што Бугарија се стреми кон наше исчезнување од картата на народите и јазиците и работи на тоа негирајќи ја нашата култура и јазик низ светот, ние сме виновни што Србија ни го одзема правото на сопствена црква кое канонски ни припаѓа, или ние сме виновни што во 2001 година бевме нападнати со цел да се отцепат територии од нашата држава. Заев ем не прогласи за виновни, ем сака да се затвори македонското прашање по мерка на соседните држави. Игра многу опасна игра, за македонското прашање низ историјата избивале регионални војни, вели Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Село со 12 жители во Швајцарија почна да функционира како хотел (видео)