| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов ќе ја добие титулата почесен доктор на науки на Бугарската Академија

 

 

gjorge-ivanov-1-44265

Претседателот Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија.

Според најавата, утре претседателот Иванов ќе ја посети Бугарската академија на науките (БАН) во Софија, каде ќе оствари средба со академик Стефан Воденичаров, претседател на БАН, и ќе одржи предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот милениум”.

На свечена церемонија, на претседателот Ѓорге Иванов, ќе му биде доделена титулата „Почесен доктор на науки” на Бугарската академија на науките.

Предвидено е задутре македонскиот претседател да оствари средби со неговиот бугарски колега, Росен Плевнелиев, и со новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев, на кои ќе биде разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top