Ракометарите на Еурофарм Работник забележаа победа во дуелот против Охрид со 21-20.
Во дерби натпреварот, воведен од 11.коло, на ракометното првенство на Македонија, екипата од Битола се радуваше на теренот на лидерот на табелата Охрид, за кого ова беше само втор пораз сезонава.
Денеска во машката ракометна Суперлига ќе се играт два натпевари.
Екипата на Пролет е домаќин на Вардар Јуниор, а во Радовиш истоиметана екипа е домаќин на Металург 2.
За утре напладне закажан е мечот Работнички – Борец, додека Пелагониското дерби меѓу Прилеп и Пелистер е одложено.
Табела: Охрид 25 бодови, Еурофарм Работник 22, Пелистер 22, Прилеп 16, Пролет 16, Металург II 14, Радовиш 13, Борец 11, Вардар Јуниор 5, Работнички 0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.