| четврток, 6 декември 2018 |

Прашањето на Јована(5) направи хаос во студиото

Петгодишната Јована Радониќ е најмладиот натпреварувач во оваа сезона на „Ѕвездичките на Пинк“. Таа е омилена меѓу сите натпреварувачи и членовите на жирито, па затоа никој не и забележа на нејзиното прашање во последната епизода на шоуто.

Откако доби пет гласови да продолжи понатаму, Јована му се обрати на Сале од жирито:

– А, што бараше ти во женскиот тоалет, те молам кажи ми. Навистина, Сале беше во женскиот тоалет – рече таа по што целото студио почна да се смее.

Малку засрамен, фронтменот на „Тропико бенд“ и одговори дека не ги носел очилата, па не видел каде влегува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top