| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите не сакаат слаби жени

Со експанзијата на „плус-сајзес“ модели, на што пред се може да и се заблагодари на познатата манекенка, Ешли Грахам, во прв план дојдоа облините, но се уште е врежано мислењето дека мажите сепак сакаат слаби жени. Па која е вистината?

Во истражувањето учествувале три жени со различни градби: едната имала мал вишок на килограми, другата била слаба, а третата била атлетски градена. Сите три истовремено морале да застанат пред групата мажи кои носеле детектори кои забележувале на која дама најдолго им се задржал погледот, односно вниманието.

Резултатите го открија следното: 36 отсто од мажите погледот најдолго го задржале на жената со облини, 35 проценти од нив на онаа со атлетска градба, а 29 отсто на слабата.

Со тоа јасно е дека ерата на слаби жени официјално е зад нас, што е добро да се слушне, бидејќи „твиги“ изгледот испраќаше целосно погрешна порака до девојчињата и жените од целиот свет, кои неможејќи да поситгнат таков изглед често се чувствуваа недоволно сакани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top