Одличните и пријателски односи, како и добрата билатерална соработка меѓу Унгарија и Македонија беа потврдени на денешната средба во Будимпешта меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На средбата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, било разговарано и за предизвиците со кој се соочува Република Македонија поврзани со политичката криза, како и плановите по одржувањето на престојните избори и искористување на капацитетите за соработка како на планот на политиката, така и во економската сфера.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека Унгарија е пријателска држава и сојузник на Република Македонија, држава со која изградивме многу високо ниво на односи и заедничка доверба и соработка. Тој посочил дека земјава може да смета на поддршката на Република Унгарија во поглед на нејзините стратешки интереси за членството во Европската унија и НАТО.
– Македонија може и понатаму да смета на поддршката и пријателството на Унгарија. Со премиерот Орбан разменивме мислење околу перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ. Ние по изборите ќе продолжиме со напорите земјата што побрзо да се приклучи кон овие организации, изјави Груевски.
На средбата стана збор и за актуелните предизвици врзани со политичката криза во државата и нејзиното надминување при што клучен момент се престојните избори.
– Ние сме политичка гарнитура која е силно посветена за подигнување на животниот стандард на граѓаните, отворање на нови работни места, привлекување на инвестиции и давање на нови перспективи и можности на нашите граѓани. Политичката криза треба да заврши што поскоро, а изборите се најдобрата можност за тоа, и потоа заедно со помошта на нашите пријатели да се фокусираме на понатамошниот развој и напредок на Република Македонија, изјави Груевски.
Премиерот на Унгарија, Орбан ги потврди одличните односи меѓу двете земји и истакна дека Република Македонија може да смета на поддршката на Унгарија. Тој истакна дека развивањето на односите е резултат на заложбата за пријателство на Претседателот на ВМРОДПМНЕ, Никола Груевски.
– Имав средба со Никола Груевски со кого имаме долгогодишна соработка. За време на неговото премиерување македонско унгарските односи достигнаа исклучително високо ниво. Меѓу двете држави изградивме вистинско пријателство и заслугата за тоа е на господинот Груевски. Ова пријателство се темели на принципи. И Република Унгарија и Република Македонија имаат свое место во Европската унија и НАТО. Посакуваме на нашите македонски пријатели да се зачленат во овие организации што поскоро. Нашата соработка е успешна и ние ги поддржуваме аспирациите на Република Македонија, истакна Орбан.
Тој посочи дека Унгарија со сите можни средства ќе ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО и таквата поддршка ќе продолжи и по изборите на кој ќе одлучуваат македонските граѓани.
– Следуваат избори на кои ќе одлучува македонскиот народ, сакам да потенцирам една работа со сигурност Македонија која има иднина во НАТО и ЕУ секогаш ќе може да смета на поддршката од Унгарија и ќе помогнеме со сите можни средства да стигнете до вашата цел, изјави Орбан на заедничката пресконференција со Груевски.
Партиската делегација на ВМРОДПМНЕ во чиј состав се Никола Попоски, Александар Николоски и Владимир Ѓорчев имаше и билатерална средба со владина делегација на унгарскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии