| четврток, 6 декември 2018 |

Смрзнато месо од 1982 година пристигнало во пристаништето Бар

Српската царинската управа соопшти дека добила известување за пратка од 600 тони замрзнато месо од 1982 година што пристигнала во пристаништето Бар во Црна Гора и оти се преземени мерки да не стигне на пазарите во Србија. Според медиумите во земјата станува збор за смрзнати свински полутки со одамна поминат рок

„Вечерње новости” објави дека на сите царинарници им било наложено да преземат мерки на засилена контрола со посебен акцент на граничните и пограничните премини кон БиХ, Косово, како и кон Црна Гора и Македонија.

Засега не се дадени детали за нарачателот на таа пратка, наведува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top