Американската актерка Лиза Лин Мастерс е пронајдена мртва во нејзината хотелска соба во Лима, Перу. Таа била пронајдена во плакарот во соба во хотелот „Нуево мундо“. Вработените ја пронашле Мастерс обесена на здолниште.
Иако се уште не е официјално потврдено, американските медиуми шпекулираат дека се работи за самоубиство, бидејќи во собата биле пронајдени антидепресиви, дијазепам и две писма.
Педесет и двегодишната актерка има играно во неколку познати серии како „Грдата Бети“, „Несршливата Кими Шмит“, „Закон и ред“, „Сопругите од Стендфорд“…
Пријателите отворија и страна за донации, за да му помогнат на нејзиниот сопруг Вилијам да плати за транспорт на телото и самиот погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.